Македонија
12. October 2020 - 19:39

Километарски колони по отворањето на границата со Косово без ПЦР

На Блаце колони, на Табановце празно – таква е сликата на северната граница откако само Косово ја прифати регионалната иницијатива за патување без тестови. Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина одлучија да не дозволат влез на македонски државјани без негативен ПЦР тест. 

Од синоќа на полноќ, до 15 часот денеска, пеку граничниот премин Блаце транзитирале над 7 илјади возила. Земјава ја напуштиле 3.800 граѓани додека во државата влегле 2.174 лица. Во истиот период, на граничниот премин Табановце регистирани се 1.200 преминувања. 

Иако се бара од македонските граѓани да ја напуштат државата само ако е неопходно, најголем дел кои денеска минуваа на Блаце велат дека тоа го прават за фамилијарни средби.

Од Владата најавија дека ќе ја ревидираат одлуката со која во моментов државјаните на Србија, Црна Гора и Босна можат без тест за корона да влезат во Македонија.

Во земјите од соседството, без ПЦР тест македонските граѓани смеат да патуваат само во Косово и Албанија.