Спорт плус
27. November 2022 - 10:54

Килде победнички ја отвори новата сезона во алпско скијање

– Освојувачот на Малиот кристален глобус во спуст и супервелеслалом во минатата сезона, 39-годишниот Норвежанец Амот Килде, со победа ја отвори новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање триумфирајќи во спустот во канадскиот зимски центар Лејк Луси.

Килде јамина патеката долга три километри за 1:47:98 минути, пред Даниел Хемецберг од Австрија, кој заостана шест стотинки, и третопласираниот Швајцарец Марк Одермат, кого од првата победа во спуст го делеа само десет стотинки.

За Килде ова е вкупно 14 победа во кариерата во трките од Светскиот куп.

Норвежанецот сега има по седум триумфи во спуст и во супервелеслалом.

По две трки во новата сезона во водство во генералниот пласман е Одермат со 160 бодови, а втор е Килде со 100 бодови.