Loading Video...
Ракомет
29. December 2020 - 15:07

Кил и Барселона во дуел за наследник на Вардар, европски ракометен првак

Ракометарите на Вардар вечерва и дефинитивно ќе го загубат приматот Европски клупски првак. Имено, вечерва во Келн се игра финалето во Лигата на шампионите за сезоната 2019_2020.та
 
Финалниот дуел меѓу германски Кил и шпанската Барселона ќе го дадат наследниот на Вардар. 
 
Во полуфиналето Барселона со голем  пресврт го победи ПСЖ со 37-32, додека во вториот полуфинален меч Кил и Веспрем одиграат продолженија. 
 
Откако мечот во регуларните 60-минути заврши нерешено 29-29, во продолжението повеќе нерви и среќа имаа ракометарите на Кил кои на крајот се радуваат на победа со конечни 36-35. 
 
 
Барселона ќе атакува на јубилејната 10-та титула, додека Кил четвртиот трофеј во елитното натпреварување. 
 
Финалниот меч ќе започне во терминот од 20 часот и 30 минути, додека дуелот за третото место меѓу ПСЖ и Веспрем ќе се игра од 18 часот