Ракомет
30. December 2020 - 9:38

Кил го наследи Вардар на европскиот ракометен трон

Ракометарите на германски Кил го наследија македонски Вардар на врвот на европскиот трон во елитната Лига на шампиони 
 
Тимот на Кил е новиот европски ракометен шампион. Германската екипа по пауза од осум години стигнаа до четвртиот трофеј во елитното натпреварување и тоа со двата заслужени триумфи над фаворизираните ПСЖ во полуфиналето, а потоа и над Барселона во финалето кое Германците го добија со 33-28. 
 
Четирите тима учесници на завршниот турнир поделија и парична награда во висина од 1 милион евра и тоа победникот Кил инкасија половина милион, а поразената во финалето Барселона 250.000 евра. ПСЖ како третопласиран заработи 150.000, а четврто рангираната екипа на Веспрем 100.000 евра.
 
Следува едномесечна пауза во ракометнатра Лига на шампиони, а возбудувањата ќе продолжан на почетокот на февуари следната година.