Спорт плус
7. December 2021 - 9:11

Кик бокс клубот Шампион од балканскиот куп „Balkans best fighters“ во Ниш се закити со 8 медали

Кик бокс клубот Шампион на балканскиот куп „Balkans best fighters“ настапи со 8 натпреварувачи.

И покрај тоа што голем дел од нашите искусни и докажани борци се во фаза на рехабилитација и не земаа учество на ова првенство поради повредите стекнати на минатите првентства од оваа сезона, а кои се последица на неактивниот период предизвикан од пандемијата, КБК Шампион и оваа година се врати со медали, и тоа 2 злата, 5 сребра и 1 бронза.

1. Туркер Исмаил - злато и пехар за најдобар боред кадет на ринг;

2. Нелсон Узеир - злато;

3. Максим Митровски - сребро;

4. Миа Тодорова - сребро;

5. Стефан Каевски - сребро;

6. Енсар Исеин - сребро;

7. Иван Кукуновски - сребро;

8. Адис Камберовски - бронза.

Туркер Исмаил кој е државен првак и најдобар кадет на татами на ова првенство за прв пат се бореше во ринг во дисциплината лоу кик и го освои златниот медал.

Нелсон Узеир кој е државен јуниорски шампион во кик лајт и искусен борец и по пауза од две години златото во неговата категорија му припадна нему.

Миа Тодорова нашата најдобра јуниорка во к1 дисциплина, како и на другите натпревари во оваа сезона и на овој натпревар освои сребро. Причината што оваа сезона Миа забележа резултат послаб од очекуваниопт е неможноста од континуиран тренинг поради прележан ковид и долгиот период на опоравување.

Стефан Каевски поради истите причини освои сребрен медал.

Иван Куконовски кој на овој натпревар го обезбеди сребрениот медал во кик лајт, како натпреварувач во иднина ветува многу.

Енсар Исеини поради повреда здобиена во борбата претходниот ден неможеше да настапи во финале за злато, па затоа мораше да се задоволи со сребрениот медал. 

Адис Камберовски е нашиот најмлад натпреварувач кој дебитираше на овој настан. Но, иако е најмал тој покажа голема пожртвуваност и одлично се бореше на терен.

На ова првенство како натпреварувач учество зема и мојот син Максим Митровски на кого ова му е прв настап надвор од Македонија. Максим во квалификациите имаше три извонредни борби со победи поради што стигна и до финалето и го освои сребрениот медал. Како за почетник покажа голема храброст, борбеност и желба за победа.

За сите заинтересирани деца, момчиња, девојчиња и постари кои сакаат рекреативно да тренираат или да научат боречка вештина за самоодбрана или да се натпреваруваат кик бокс клуб Шампион им стои на располагање и е лоциран за одржување на тренинзи во Магнус центарот за фитнес и боречки спортови во деновите: понеделник, среда или петок од 18 часот за деца и од 20 часот за возрасни.

www.magnus.com.mk

Инфо: 072222222

 

Тренер Дејан Митровски Урко