Киев: Повеќе од 5.000 руски војници се опколени во градот Лиман, Доњецк
– Над 5.000 руски војници се опколени во градот Лиман, регионот Доњецк во Украина. Ова го соопшти преку Телеграм Сергиј Гајдаи, шефот на регионалната воена управа на Луганск, пренесе Укринформ.
Руските трупи стационирани во Лиман апелираа до нивната команда да се повлечат, но беа одбиени. Повеќе од 5.000 војници на Руската Федерација се опколени, се вели во објавата.
Според Гајдаи, непријателите ќе се обидат да ја пробијат опсадата или да се предадат. Според него, за нив се затворени речиси сите патишта преку кои би можеле да се повлечат или да добијат дополнителна муниција.
Украинската артилерија го блокираше единствениот преостанат начин за повлекување на руските сили од областа и отвори оган врз војниците кои бегаат, објави УНИАН, повикувајќи се на видео снимки и коментари споделени од воени блогери.
Според американскиот институт за проучување на војната, бранителите на Украина ќе го вратат Лиман во рок од три дена.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак