Свет
29. November 2022 - 8:38

Киев информира дека руските сили го гранатирале Дњепар

Руските сили синоќа истрелаа четири проектили кон Дњепар, но нема повредени, информира шефот на регионалната воена управа на Дњепропетровск, Валентин Резниченко.

Тој изјави дека нападот предизвикал сериозна штета и оти избувнал пожар кој пожарникарите го изгаснале.

Според Резниченко, руските сили ја гаѓале областа Никопољ со повеќе ракетни фрлачи и тешка артилерија.