Свет
29. October 2015 - 14:57

Киев и сепаратистите разменија заробеници

Киевските власти и сепаратистите во источна Украина разменија денеска заробеници во градот Счастие на територијата на самопрогласената Лугањска народна република, во присуство на ОБСЕ и МКЦК.

Киев ослободи 11 заробеници, а сепаратистите девет.

Доњецката народна република ослободи четири лица, а ЛНР предаде петмина.

Според Киев во заробеништво кај сепаратистите има 148 украински војници. Според ДНР Киев држи во заробеништво 458 „доброволци“, 563 политички заробеници и 199 цивили кои не биле дел од конфликтот.