Македонија
1. August 2017 - 14:58

Киднапирано малолетно девојче од Скопје

 И.Ш.(44) вчера во 19 часот пријавил дека истиот ден околу 3 часот на ул. „Патрис Лумумба“ две лица со возило ја зеле неговата малолетна ќерка. 

Кога неговите две малолетни ќерки се враќале од продавница кон домот, зад нив застанало патничко моторно возило од кое излегле две лица (кои претходно се познавале со двете малолетни девојчиња) и според пријавата на таткото го зеле едното девојче, без нејзина согласност ја внеле на задното седиште од возилото и заминале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.