-->
-->
Кицу: Романија ја испрати првата донација вакцини на Молдавија
-->
Романија ја испрати својата прва донација вакцини против Ковид-19 од „АстраЗенека“ на соседна Молдавија за да ги заштити лекарите кои работат со заразените, најави премиерот Флорин Кицу.
– Романија ги исполнува своите ветувања … Денеска ги испорачуваме првите дози, 21.600 вакцини на „АстраЗенека“. Ова е прва серија од вкупно 200.000 што ги нудиме како хуманитарна помош”, напиша Кицу на својот профил на Фејсбук.
Тој додаде дека остатокот ќе следи во наредните месеци.
Молдавската медицинска агенција во петокот објави дека ја одобрила руската вакцина „Спутник V“, и покрај тоа што претседателката на Молдавија, Маја Санду, рече дека не може да биде регистрирана се додека Светската здравствена организација не го стори тоа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен дилер од кумановско
-
Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков пренесен во приватна болница во Скопје
-
Собранието расправа за Националната стратегија за спречување на корупцијата
-
Филипче: Ситуацијата е сериозна, има благо зголемување на притисокот врз ковид-центрите
-
Снежно невреме во Хрватска
-
Судот одреди 30 дневен притвор за Мијалков
-
И АА и Алтернатива најавија повлекување на амандманите
-
Мисајловски: Нема тендер што не е наместен, со државата владее мафија