Македонија
12. August 2019 - 16:57

Кичевското село единствено каде е потврден антракс - Во опасност уште 22 населени места

Во државата нема ново животно заболено со антракс а болеста не е појавена ниту меѓу луѓето. Од Агенцијата за храна и ветеринарство уверуваат дека во кичевското село каде пред 5 дена беше регистрирана заразата, ги презеле сите превентивни мерки. Биле уништени 9 мрши од овци а на локалното население му наредиле да го вакцинираат добитокот во наредните две децении. Иако од АХВ побараа да не се прави сензација со овој случај, сепак предупредија дека во 22 населени места во државата каде во 2003, 2009 и 2015 година имало антракс постои опасност од појава на нови случаи поради отпорноста на бактеријата.

- Во тие населени места се спроведува вакцинација во наредните 20 години и населението секоја година добива насоки за вакцинација., Но не може да се исклучи дека може да се појави, бидејќи бактеријата во земја и во почќва може да осптои и повеќе децении, вели Зоран Атанасов, директор на АХВ.

 Дел од локалното население во кичевското село како и вработени на факултетот за ветерина каде ги правеле анализите на заразената овца примаат превентивна терапија против антракс. Од АХВ велат дека освен дирекниот контакт, не може да дојде до заболување на човек од заразено месо бидејќи при колење на животните во кланица морало да има и здравствен сертификат. Но што ако некој заколе овца во двор, или како што тоа се прави за некои верски празници?

- Не може да дојде до зараза бидејќи мора да има сертификат. И дома кога се коле нема опасност бидејќи исто треба сертификат. По закон се должни, е сега ако на свој ризик...вели Атанасов.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои вчера го обелоденија случајот со антракс со дополнителни обвинувања до власта дека не само што криеле туку и не биле преземени сите мерки.

Дополнително Заев и Атанасов мора да одговорат дали се вистините написите во медиумите дека не е извршена вакцинација против антракс во 2019 година!? Доколку не е, прашуваме зошто?Однесувањето на власта е крајно несериозно и недозволиво. Не се знае дали граѓани конзумирале месо и млеко од заразеното стадо и доколку e точно прашуваме колку?, вели Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Освен опасноста од антракс која може да предизвика сериозни здравствени компликации ако се појави кај луѓето, од Агенцијата за храна и ветеринарство денеска забранија и увоз на свинско месо поради заканата од африканска чума која е регистрирана во соседните земји.