Македонија
8. October 2018 - 13:54

Кичевската градинка со низа активности ја одбележа „Детската недела"

- Детската градинка „Олга Мицеска" во Кичево организираше неколку активности за одбележување на „Детската недела“. Децата ја посетија Градската библиотека, Центарот за културата и една пекара во градот.
 
- Тие беа информирани за работниот тек на овие организации. На нивните лица имаше радост и задоволство, бидејќи накратко беа запознаени со некои елементи кои го карактеризираат светот околу нив, рече директорот на детската градинка „Олга Мицеска" Садик Ахмети.
 
Тој додаде дека имало и многу други активности кои беа организирани внатре во установата.