Бизнис
5. October 2018 - 19:41

Кичево- Охрид ќе биде пуштен во употреба во 2021 година

Градежните работи на автопатот Кичево –Охрид се одвиваат континуирано ,со третиот анекс на договорот кој е во завршна подготовка ќе бидат разрешени сите проблеми околу трасата и експропријацијата на земјиштето.Директорот на државни патишта Китанов најави дека прва готова ќе биде делницата од Охрид до селото Врбјани во должина од 30 километри, по што и делницата до Кичево.

Китанов вели дека автопатот во првичниот проект бил со низа неправилности.

Според најавите автопатот Охрид Кичево кој го изведува кинеската команија „Синохидро“,ќе се гради по пониска цена со заштеда меѓу 70 и сто милиони евра и истиот треба да биде готов до 2021 година.