Кичевец нападнат и ограбен во Скопје
Две непознати лица вчера изутрина во Скопје извршиле разбојништво над С.К. (42) од Кичево и при тоа му одзеле пари, мобилни телефони и други лични предмети.
Како што соопшти МВР, настанот се случил во 06.40 часот на бул.„Мајка Тереза“ кога на четириест и две годишниот кичевец во возило „порше каен“ со белгиски национални ознаки, сторителите му се доближиле до возилото и го замолиле да ги однесе до бул.„Мајка Тереза“.
- Откако се согласил, лицата влегле во возилото и кога стигнале во близина на училиштето лицето кое седело позади го фатило за рацете, а совозачот почнал да го удира со тупаници во пределот на лицето нанесувајќи му видливи повреди на главата, носот и окото. Сторителите притоа му одзеле една чанта во која имало околу 40.000 денари, неколку мобилни телефони и други лични предмети. Откако го сториле делото заминале во непознат правец, стои во соопштението.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО