Македонија
15. April 2019 - 15:43

Кичевец доби кривична за крадење дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „пустошење на шума“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против дрвокрадецот Ш.И.(30) од кичевското село Туин.
 
Тој, во период од август до октомври минатата година, кај месноста „Башоски ливади“ со моторна пила, извршил бесправна сеча на 400 дабови стебла односно на 184 метри просторни огревно дрво, сопственост на И.М.,М.М, Ќ.М, и Џ.М. сите од истото село, информира СВР-Охрид.