Македонија
8. November 2020 - 17:22

Кичевчанка го видела поранешниот сопруг како бега, па слушнала експлозија и видела чад

На 07.11.2020 во 21.05 часот во Полициската станица Кичево, В.М. од Кичево пријавила дека пред влезната врата слушнала експлозија и видела како излегува чад, откако претходно го видела нејзиниот поранешен сопруг А.М. од Скопје како бега.

Од полициски службеници на местото на настанот било констатирано дека на долниот дел од металната влезна врата од станот имало изгорена гума.

За настанот бил запознат Јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.