Свет
18. August 2016 - 11:14

Кибер нападите на „Раша тудеј“ чинат 200.000 долари

Зад кибер нападите на сајтот на телевизијата „Раша Тудеј“ (РТ) веројатно стои голема сума на пари и внимателна подготовка, изјави за РТ Алексеј Киселев, раководителот на проектот „Касперскај Дос Превеншн“. 

Раководителот на службата за интерактивни проекти на телевизија РТ, Елвира Чудновскаја ги процени расходите на напаѓачите на најмалку 200.000 долари. 

- Хакерските напади на сајтот РТ се одвиваат веќе подолго од седум дека, што не  е типично за заштитени расурси, нагласи Киселев. 

- Овој факт, како и отсуството на барања од страна на напаѓачите, зборуваат за сериозни намери на напаѓачите да ја постигнат нивната цел, да го направат ресурсот за жртвите јавно недостапен, истакна Киселев, и додаде дека овие напаѓачи не се случајни, винателно се подготвени и зад нив стои огромна сум на пари. 

Најсериозниот напад на сајтот РТ се случи ноќта на 9 август, потсетува Спутник.