Џет-Сет
5. March 2016 - 10:15

Киану Ривс вешто се снаоѓа со оружје в рака

Холивудскиот актер Киану Ривс, кого жените го обожуваат поради неговиот шарм и кој важи за најкроткиот глумец меѓу своите колеги, го „запали“ интернетот со своите фотографии со оружје в рака.

Последните фотографии, на кои се забележува неговата вештина со оружје, ќе му ја зголемат уште повеќе популарноста.

Имено, Киану се занимава со дисциплината „3-Ган“, во која човек мора да испука колку може повеќе мети од три видови на оружје во одреден временски рок. Тој на неговиот тренинг едноставно брилирал.

Никој не верувал дека тој е толку вешт, но очевидно сите негови акциони филмови многу придонеле за ваквиот резултат.