Бизнис
25. January 2016 - 12:35

КХВ даде дозвола за работа на Дирекција за услуги со харии од вредност при Евростандард банка

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на денешната седница издаде дозвола за работење на Дирекција за услуги со хартии од вредност при „Еуростандард банка“ АД Скопје, која ќе ги нуди сите услуги со хартии од вредност предвидени со Законот за хартии од вредност, од кои некои од нив досега ги вршеше „Поштел Брокер“ АД Скопје.

Ова, како што соопшти денеска Комисијата за хартии од вредност, произлегува како резултат на припојувањето на „Поштенска банка“ АД Скопје кон  „Евростандард банка" АД  Скопје, инаку единствен акционер на брокерската куќа. КХВ даде согласност Миомир Алексовски  да биде именуван за в.д. директор на Дирекцијата за услуги со хартии од вредност при „Еуростандард банка" АД Скопје.

На седницата,  КХВ даде и согласност Васко Митев да биде именуван за директор на брокерската куќа „Илирика Инвестментс" АД Скопје со мандат од четири години. Васко Митев и досега беше на оваа позиција.

Исто така, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови две дозволи за работење со хартии од вредност и издаде една лиценца за инвестициски советник.