Кевин Спејси домаќин на доделувањето на наградите Тони
Филмскиот и тетарски актер Кевин Спејси оваа година ќе биде домаќин на 70-то свечено доделување на театарските Оскар, наградата Тони.
Тричасовна свеченост во присуство на голем број славни актерски ѕвезди и други познати личности, ќе се оддржи на 11 јуни во њујоршкиот „Рејдио Сити Мјузик Хол“, јави Си-Би-Ес.
Домаќини на претходните свечености беа Нил Патрик Харис, Хју Џекмен и Џејмс Корден, кои „собраа“ одлични критики за својата работа. Но, бидејјќи годинава била зафатени организаторите решија оваа „улога“ да му ја дадат на самокритичниот и циничен Спејси.
- Јас бев втор избор за филмот „Приведете ги сомнителните“, четврти избор за „Вртлог на животот“ и 15-ти за домаќин на овогодишното доделување на Тони. Мислам дека мојата кариера се развива и дека оди кон вистинската насока, рече тој во свој стил.
- Можеби сега треба да се вклучам во потесниот избор и за домаќин на оскарите Оскар, доколку сите други одбијат, додаде тој.
Номинациите за овогодишното доделување на наградите Тони ќе бидат објавени на 2 мај.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња