Македонија
13. April 2019 - 16:07

Кетрин Рид: Медиумите имаат клучна улога во предизборието

Медиумите имаат клучна улога во постиугнувањето на демократските стандарди на општеството. Во време на избори тестот е поставен пред сите. Пред политичарите, но и пред оние кои ја пренесуваат пораката до граѓаните потребна за да ја донесат одлуката.

Професорката Кетрин Рид од Колумбија Мизури, која предава на најстриот универзитет за наовинарство во светот гледа ограмна важност во улогата на медиумите, и нивното значење во целиот процес.

Секојдневната комуникација со политичките претставници, присуството на партиските средби и митинзи во период на кампања го носи ризикот да се погреши во презентацијата на вистинската вредност на веста. Професорката Рид појаснува дека новинарите треба секогаш да ги имаат своите задачи на ум и да знаат чиј интерес е најважен.

Во свет на лажни вести новинарите ја имаат клучната улога во утврдување на вистинските вредности и борбата со фабрикуваните вести.

Професор Рид е дел од меѓународната организација Алфред Френди која споделува најдобри медиумски практики со новинарите ширум светот. Со помош на амбасадата на САД во земјава, таа деновиве своите знаењата ги споделува и со млади новинари од земјава.