Македонија
9. September 2016 - 19:17

Керим меѓу четворицата кандидати за Генерален секретар на ООН

Македонскиот кандидат за функцијата Генерален секретар на ООН Срѓан Керим по завршениот четврти круг гласаање е меѓу првите четворица, соопштуваат од неговиот кабинет. 

Меѓу првите четворица се пласираа португалецот Антонио Гутјереш, словачкиот кандидат Мирослав Лајчак, српскиот кандидат Вук Јеремич и  Срѓан Керим, од вкупно 10 кандидати.

Следното гласање во Советот за безбедност е закажано за 26 септември 2016 година.