Свет
21. October 2015 - 10:06

Кери заминува на турнеја низ Европа и Блискиот Исток

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска заминува на турнеја низ Европа и Блискиот Исток, што ќе трае до недела, соопшти Стејт департментот.

Според портапролот на Стејт Департментот, Џон Кирби, главни теми на разговор на Кери со неговите европски и блискоисточни домаќин ќе бидат најновата ескалација на израелско-палестинскиот конфликт и кризата во Сирија.  

Кирби не прецизираше кои европски и блискоисточни земји ќе ги посети Кери.

Во текот на турнејата на Кери, предвидено е тој да се сретне и со израелскиот прмиер Бенјамин Натанјаху и со палестинскиот лидер Махмуд Абас, но засега не е познато каде ќе се одржат тие средби.

Првично беше најавувано дека Кери и Нетанјаху ќе се сретнат во Германија, но сега Кирби најави дека „е можно нивната средба да се одржи и на Блискиот Исток“.