Кери со остри критики до Русија поради Украина и Сирија
Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Минхен остро ја критикуваше Русија поради нејзините акции во Украина и Сирија, обвинувајќи ја за „повторена агресија“ во обете земји.
- Санкциите против Русија ќе останат во сила се додека не ги примени сите аспекти од мировниот договор за Украина, кој беше постигнат во Минск минатата година, изјави Кери на Безбедносната конференција за Сирија во Минхен.
Според него, Русија има едноставен избор - или во целост ќе го примени договорот од Минск, или и натаму ќе се соочува со економски погубните санкции.
Кери смета дека Русија и пркоси на волјата на меѓународната заедница со поддршката која им ја пружа на проруските активисти на истокот на Украина и со својата воена интервенција во Сирија, во корист на претседателот Башар ал Асад, пренесува Танјуг.
Излагањето на Кери, следуваше откако рускиот премиер Дмитриј Медведев од истиот собира го обвини Западот дека повторно почнува Студена војна со санкциите кои и ги наметнува на Русија поради Украина, како и со новите потези на НАТО.
Американскиот државен секретар ги пофали европските држави што се придржуваат цврсто до спроведувањето санкции против Русија и ја повика официјална Москва вистински да работи на склучување примирје во Сирија и да овозможи политичка транзиција.
- Сигурен сум дека Европа и САД и натаму единствено ќе настапуваат, како во одржувањето на санкциите се додека се неопходни, така и во пружање на потребната помош на Украина, изјави Кери.
Тој се осврна и на бегалската криза која го потресува европскиот континент, оценувајќи дека претставува „речиси егзистенцијална закана по Европа“, пренесува Танјуг.
- САД ја разбираат речиси егзистенцијалната природа на таа закана по политиката и тековите на живот во Европа. Не велиме дека тоа е ваш проблем и дека не е наш. Тоа е и наш проблем...И поради тоа сега се придружуваме и ја спроведуваме мисијата на НАТО со цел да ја блокираме клучната приодна рута, а ќе ви се придружиме и на други начини за да го запреме тој бран, порача американскиот државен секретар.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи