Свет
26. August 2016 - 8:55

Кери и Лавров во Женева ќе разговараат за Сирија и за Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе разговара денеска во Женева со американскиот државен секретар Џон Кери за ситуацијата во Сирија и во Украина.

Портпарол на руското МНР, Марија Захарова изјави дека делегација предводена од Лавров се упатила во Женева и дека со Кери ќе разговараат за решавање на сириската криза како и за можностите за блиска соработка во борбата против терористички групи активни во Сирија.

Захарова додаде дека ќе се разговара и за други меѓународни прашања меѓу кои и украинската криза.

Вашингтон и Москва со недели се во постојан контакт по воспоставувањето воена соработка во борбата против ИД во Сирија.