-->
-->
Кери и Лавров утре во Женева ќе разговараат за Сирија и Украина
-->
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров утре во Женева ќе разговара со американскиот државен секретар Џон Кери за Сирија и Украина, беше објавено во Москва.
Портпаролката на руското МНР Марија Захарова за новинарите изјави дека делегација предводена од Лавров, заминала во женева и дека со Кери ќе разговара за решавање на сириската криза, како и за можноста за соработка во борбата против терористичките групи, кои сега се активни во Сирија.
Захарова додаде дека ќе се разговара и за други меѓународни прашања, вклучувајќи ја и кризата во Украина, пренесува ТАСС.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Се заокружуваат предизборните коалиции
-
Азески: Економијата да биде приоритет, а политичарите да ги исполнат ветувањата
-
Приватните специјализанти на протест – нема корекција на плати пред избори, им вратија надлежните