Свет
15. December 2015 - 11:18

Кери и Лавров разговараа за Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнаа денеска во Москва на разговори за мировниот процес во Сирија, а планирано е подоцна Кери да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин. 

- Сметам дека светот има корист кога две моќни нации со долга историја на меѓусебни односи ќе можат да најдат заеднички став, изјави Кери.

- Се надевам дека денеска ќе успееме да најдеме заеднички став, нагласи шефот на американската дипломатија, додека Лавров изјави дека е подготвен да разговара за кое било билатерално прашање, за кое Кери смета дека е важно. 

- Подоцна денеска ќе му пренесеме на претседателот Путин за што разговаравме и се надевам дека вашата посета ќе биде плодоносна, му порача Лавров на Кери. 

Кери и пратеникот на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура сакаат следната рудна мировни преговори да се одржат во петок во Њујорк, но Русија досега одбиваше да го потврди тој датум.