Loading Video...
Тенис
10. July 2018 - 16:34

Кербер против Остапенко во полуфиналето на Вимблдон кај дамите

 
 
Анџелик Кербер и Јелена Остапенко го сочинуваат првиот полуфинален пар кај дамите на Гренд-слем турнирот во Лондон, Вимблдон. 
 
11-носителка Германката Кербер во два сета ја победи Дариа Касаткина од со 6-3 и 7-5, додека нејзината противничка Остапенко која е 12-та носителка во четвртфиналето ја елиминира  Доминика Цибулкова од Чешка совладувајќи ја со 2:0 (по сетови 7-5 и 6-4). 
 
 
Вториот полуфинален пар кај демите ќе го дадат победничките од мечевите кои се во тек, а во кои играат: 25 Серена Вилијамс – Камила Џорџи, Италија  (6-3 по прв сет) и 20 Кики Бертенс, Холандија – 13 Јулија Горгес, Германија  (6-3).