Loading Video...
Тенис
14. July 2018 - 19:12

Кербер преку Серена Вилијамс до трофејот на Вимблдон

Шампионскиот трофеј од Вимблдон оди во рацете на Германката, Анџелик Кербер
 
11-тата носителка на овој Гренд-слем, Кербер неочекувано лесно и убедливо во финалето по само два одиграни сета ја победи седумкратната шампионка на Вимблднон, (25) Американката, Серена Вилијамс, од која беше поразена во своето прво финале во Лондон во 2016-тата година. 
 
Кербер овојпат успеа да и се реваншира на 36-годишната Американка, па во мечот кој траеше само 1 час и 7минути и препушти само по три гема во двата сета на својата противничка (6-3 и 6-3). 
 
Серена остана на 23-те титули од Гренд-слем турнирите додека 30-годишната Кербер го освои својот трет трофеј од турнирите на големата четворка, претходно триумфирајќи во 2016-тата на Австралија Опен, а потоа и УС Опен.