Loading Video...
Тенис
30. January 2020 - 16:01

Кенин и Мугуруза во финалето на Австралија Опен

Американката Софија Кенин и шпанската тенисерка Габрине Мугуруза ќе играат во финалето на женскиот дел од турнирот на Австралија опен.
 
Иако според ранкингот се очекуваше нивните противнички Ешли Барти и Симона Халеп да се борат за трофејот, сепак тоа нема да се случи. 
 
Американката Кенин во два сета со 7-6 и 7-6 ја елими9нира топ фаворитката и миленичка на домашната публика Барти, додека со истиот резултат (7-6 и 7-6), Муруруза беше подобра од 4-тата носителка Романката, Халеп. 
 
За 21-годишната Американка, саботното финале ќе биде прво во нејзината кариера кога во прашање се Грен слем турнирите, додека Мугуруза која во 2016-тата победи на Ролан Гарос, а година дена подоцна триумфира на Вимблдон, ќе атакува на својот трет трофеј од турнирите од големата четворка.