Бизнис
23. April 2021 - 12:17

„Кемет Електроникс“ ќе го проширува капацитетот на фабриката во Бунарџик

Американската компанија за производство на електронски компоненети „Кемет Електроникс“ ќе го проширува капацитет на постоечката фабрика во ТИРЗ Бунарџик.

Во посета на фабриката денеска ќе престојува премиерот Зоран Заев придружуван од директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Јован Деспотовски.

Како што соопштија од владината прес-служба, вредноста на инвестицијата е 10 милиони евра, од кои еден дел ќе бидат вложени во Центар за истражување и развој.