Келог: Конфликтот во Украина е на работ на примирје, но потребен е договор
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог денеска изјави дека конфликтот во Украина е на работ на прекин на огнот, но дека двете страни мора да постигнат договор.
-Верувам дека можеме да го постигнеме. Искрено верувам дека сме на работ на прекин на огнот, но двете страни ќе мора да постигнат некаков договор. Ниту една страна нема да добие се што сака, изјави тој за Фокс њуз.
Келог истакна дека Трамп е „вознемирен“ од акциите на двете страни, но дека САД имаат намера да бараат целосен прекин на огнот.
-Сакаме сеопфатен прекин на огнот од 30 дена. Штом ќе го постигнете ова, ќе биде многу тешко да ја започнете војната повторно. Тоа е она што јас верувам. И ние треба да добиеме листа со услови, што јас би го нарекол список на услови. Тоа го сакаат Русите. Тоа го сакаат Украинците, рече Келог.
Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со Трамп, кога, меѓу другото, рускиот лидер позитивно одговори на идејата страните во конфликтот во Украина 30 дена се воздржуваат од меѓусебни напади врз објектите на енергетската инфраструктура и на војската и дал соодветни инструкции.
Овој предлог го прифати и украинскиот претседател Володимир Зеленски, но оттогаш двете страни вршат напади врз енергетските капацитети на противникот.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера