Живот
18. November 2015 - 12:13

Келнерка добила навредлива порака од љубоморна жена - Еве како и одговорила!

Џесика работи како келнерка во еден ресторан. Како и нејзиниот сопруг со кого неодамна се омажила. Всушност, пред една недела двајцата се вратиле на работа по медениот месец.
 
Во текот на една вечер во ресторанот имало прилично гужва, Џесика имала повеќе работа од вообичаеното. Сепак, се потрудила на секоја маса, односно гостите кои се дојдени да им посвети доволно внимание.
 
Откако направила се што било во нејзина моќ гостите да бидат задоволни, на една сметка приметила порака која и ја оставила една, очигледно, незадоволна гостинка.
 
- Ова е мојот сопруг, а ти потрудисе да си најдеш свој. Со среќа. Џени, пишувакло во пораката.
 
Изреволтираната келнерка, откако ја добила навредливата порака, напишала статус на својот Фејсбук профил, во кој на младата и загрижена сопруга и го порачала следното:
Драга Џени,
 
Би сакала да те известам дека келнерот чии сектор за послужување на маси беше карши мојот, уствари е мој сопруг. Да, го најдов сама и замисли, изгледа многу подобро од твојот.
 
Исто така многу ми е жал што твојот сопруг во текот на медениот месец те одвел во обичен ресторан, а не те одвел на крстарење како што направи мојот. Мојот сопруг никогаш не дозволил да се осеќам толку несигурно пред него и да морам да оставам пораки на келнерките.
 
Всушност, драга Џени, имам еден животен совет за тебе кои можеби ќе ти помогне, ако одлучиш да прифатиш. Твојата женска несигурност е толку воочлива што е могу трагично. Потруди се што побргу да стекнеш доверба во својот сопруг во вашата врска, наместо да понижуваш други за да самата се осетиш подобра. Особено не конобарки кои живеат од бакшиш со кои ги плаќаат своите сметки. Исто така Џени, се надевам дека ти се допаѓа моето пенкало кое го задржа. Ти го поклонувам.
 
П.С. Мојот сопруг ти порачува следниот пат можете да седнете во скторот од ресторано каде тој послужува. така нема да има потреба да се грижиш дали твојот сопруг ќе флертува со келнерката, а можеби и одобро ќе ја видиш неговата бурма зошто мојата не успеа да ја приметиш.
 
Џесика.