Свет
23. February 2017 - 0:05

Кели: Уредбата на Трамп има за цел фаќање на илегалните имигранти во САД

Американскиот министер за внатрешна безбедност, Џон Кели, денеска изјави дека извршната уредба на претседателот Доналд Трамп има за цел фаќање на имигрантите без документи и нивно враќање во земјите од кои потекнуваат.

Оваа уредба „става акцент врз задачата на пресретнување нерегуларни имигранти од многу земји на нашите граници, хуманото однесување кон нив и нивното враќање во земјите на потекло што е можно побрзо“, рече Кели на прес конференцијата во Гватемала Сити, пренесуваат британските медиуми.

Американскиот министер ова го кажа само еден ден откако САД издадоа нови насоки кои го опфаќаат планот за депортација на имигрантите без документи во земјата од која дошле, што во многу случаи е Мексико, напоменуваат британските медиуми.