Свет
7. March 2017 - 9:16

Кели: Се разгледува предлогот за раздвојување на децата од родителите мигранти

Американскиот министер за внатрешна безбедност Џон Кели изјави дека го разгледува предлогот за раздвојување на жените и децата, кои илегално ја преминуваат американската граница со Мексико.

- Го разгледувам предлогот, со цел да се спречи поголемо движење по патот на оваа ужасно опасна мрежа. За децата ќе се води грижа додека се занимаваме со нивните родители, истакна Кели за Си-Ен-Ен, одговарајќи на прашање поврзано со можна измена во американската политика.

Властите во САД би можеле да почнат со раздвојување на жените од децата, со кои илегално ќе влезат во земјата, согласно предлогот кој го разгледува американското Министерство за внатрешна безбедност. Тој предлог делумно има за цел мајките да се спречат од миграција во САД заедно со своите деца.