Џет-Сет
15. August 2017 - 15:38

Кејти Пери и Орландо Блум повторно заедно?!

Пејачката Кејти Пери и актерот Орландо Блум беа во врска 10 месеци, која заврши на почетокот на оваа година.

Меѓутоа, изминатиов викенд тие биле видени заедно на концертот на Ед Ширан во Лос Анџелес, каде според очевидци „си разменувале нежни допири“. 

Неколкумина обожаватели успеале да ги фотографираат Кејти и Орландо и овие фотографии набрзо се проширија низ социјалните мрежи, по што почнаа да се јавуваат и претпоставки дека тие се повторно заедно.

Засега нема реакција од страна на Пери и Блум на ваквите претпоставки.