Македонија
12. July 2019 - 16:39

Кејт Мери Брнс стапи на функцијата амбасадор на САД - Турција го ратификуваше протоколот за членство во НАТО

САД очекуваат до крајот на годинава Македонија да стане членка на НАТО, со што сојузништвото  мегу двете земји дополнително ке  се продлабочи, порача новата американска амбасдорка , предавајки ги акредитивите на претстедателот Пендаровски. Кејт Мери Брнс истакна дека  во текот на својот мандат ке продолжи да  ги следи досегашните насоки на американската политика кон нашата земја и ке се залага за зајакнување на владеење на правото и  борбата против корупцијата. Потенцираше дека САД и Македонија се стратешки партнери  повеке од 25 години. Тонско кратко

Нашите две земји се посилни поради нашата соработка. Нашите војници служат рамо до рамо на бојното поле, исто како што нашите лидери работат заедно.

Македонскиот претседател   очекува Брнс да го искористи своето дипломатско искуство и внесе  поголема динамика во односите мегу двете земји, вклучувајки ги и економските, како и зголемувањето на американските инвестиции. 

Пендаровски смета на целосна поддршка на  САД во процесот на евроатлантските интеграции.  Шефот на државата истакна  дека процесот на ратификација на  протоколот во земјите членки на Алијансата е при крај, со што ке се отворат вратите за полноправо членство со што земјава се наскоро ке стане полноправна членка на Алијансата.

Досега 20 од 29 земји го ратификуваа протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО, а последни во низата се парламентите во Турција и Чешка.