Кејт Бингем: Враќање во нормален живот дури на крајот на 2021 година
Шефицата на британскиот стручен штаб за вакцина против Ковид-19, Кејт Бингем, во интервју за „Би-би-си“ оцени дека животот ќе се врати во нормала дури на крајот на 2021 година.
Таа најави дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна најрано до крајот на оваа година и додаде дека прво ќе ја примат најранливите членови на британското општество.
„Мислам дека не е веројатно дека иницијалната вакцинација ќе ги заштити луѓето засекогаш. Можеби ќе мора да се ревакцинираме за да го задржиме имунитетот против коронавирусот”, рече Бингем.
Во меѓувреме, во Северна Ирска беше објавено дека од петок ќе започне двонеделен прекин на училиштата и услужните дејности и четиринеделно затворање на ресторани и пабови со цел да се запре понатамошното ширење на коронавирусот.
Ново на Сител
-
Сметководители, угостители и туристички работници на протест
-
Ќе се намалат ли цените во приватното здравство - стартува собраниската расправа
-
И Дојран најавува попусти и поволности за српските туристи
-
Одбележан меѓународниот ден на планетата Земја
-
Продолжува дипломатската војна меѓу Чешка и Русија
-
Анализа: Што ги тера на булинг малолетниците и како да се спречи?
-
Заев: Приоритет е надминување на пандемијата и економската криза предизвикана од истата
-
Македонците се преориентираат на online купување - што најчесто се купува на интернет