Џет-Сет
19. October 2019 - 21:56

Кејт Бекинсејл ја покажа својата еластичност

Кејт Бекинсејл на Инстаграм објави ново видео од фитнес центар, и со своето „тело од гума“ по кој знае кој пат ги воодушеви своите обожаватели и следачи.

Глумицата е во својата петта деценија од животот, а според многумина изгледа барем 20 години помлада. Таа е редовен корисник на салите за вежбање и редовно ги потсетува своите следачи на интернет – да водат здрав живот на тој начин.

На ова видео, нејзиниот тренер на повеќе начини ѝ ја ротира десната нога за 180 степени, спојувајќи ѝ ја со телото.