Фудбал
25. September 2020 - 10:46

Кедира го напушта Јувентус

Јувентус успеа да се договори за раскин на договорот на друг играч, откако тоа го стори со Гонзало Игуаин и Блеиз Матуиди, кои веќе играат за американскиот Интер Мајами.

Станува збор за играчот за врска Сами Кедира. Според Фабрицио Романо, разделбата ќе се случи следната недела, а најверојатно ќе биде во понеделник. Така, поранешниот германски репрезентативец ќе го напушти тимот една година пред истекот на неговиот договор.

Во меѓувреме, клубот се надева дека ќе го продаде крилниот напаѓач Даглас Коста, иако се уште не е добиена понуда за него ниту од Барселона ниту од Вулверхемптон.

Доколку двајцата играчи го напуштат Јувентус, тимот може да започне со планирање на трансфер на Федерико Киеза од Фиорентина, тврди Џанлука Ди Марцио.