Џет-Сет
26. November 2017 - 20:02

Кеба во депресија после несреќата, еве како пејачот се бори против стресот

Пејачот Драган Којиќ Кеба е под голем стрес поради се што му се случило. Пејачот по сообраќајната несреќа во која со својот автомобил удри девојка на пешачки премин се врати на вообичаениот живот.
 
Кеба го лекува стресот со трчање.
- На Драган не му е сеедно за тоа што му се случи. На почетокот беше во голем шок, а кога помина таа состојба и кога стана свесен што се случи, сфати дека од кукање нема ништо, туку дека е најдобро да се врати на секојдневието. Во тоа му помогна сопругата олја, но и синот Игор и снаата Северина. Сите му објаснувале дека сега нема назад и што треба да биде, ќе биде. Важно девојката која ја удрил е добро. После тоа, Кеба почнал повторно да џогира секое утро и тоа многу му годи бидејќи така го ослободува стресот, зборува пријател на Кеба.