Џет-Сет
29. December 2015 - 10:53

Кеба се пофали: Вака ми се обраќа синот на Северина

Игор Којиќ на Инстаграм се пофали со фотографија од семејната прослава на Божиќ, а неговиот татко Драган Којиќ со фактот како синот на Северина му се обаќа.

Имено, на фотографијата која на социјалните мрежи ја објави Игор (28) се гледа како изгледаат празниците во нивното семејство, а на истата позираат среќни и весели Северина (43), нејзината мајка Анка, Игори како и неговите родители Оља и Драган.

-Јас сум свекор за десетка, а и Северина е снаа за десет, Игор и Севе многу се секаат и тоа е вистинска љубов. Ние постојано се шегуваме и сме вистинско среќно семејство. Едвај чекам да станам дедо и да ме развеселат со внуче. Но морам да нагласам, дека постои едно прекрасно момче Александар, кој веќе ми вика „дедо“, изјавои Којиќ мислејќи на синот на Северина од врската со Милан Поповиќ.

Се чини дека семејната идила не ја нарушија неодамнешните новинарски написи за врската на Игор Којиќ и транссексуалката Наташа Мазa (33) која неодамна се дружела и со неговиот татко Кеба.