Џет-Сет
31. January 2016 - 9:13

Кеба проговори: Со сопругата едвај чекаме внуче!

Драган Којиќ Кеба и неговата сопруга Оља конечно се појавија во јавноста откако медиумите почнаа да нагаѓаат дека неговиот син Игор и Северина чекаат принова.

Тие двајцата по повеќедневно скривање и одбивање да се јават на телефон дојдоа на отворање на фризерскиот салон кај својот долгогодишен пријател Мистер Икс и во таа прилика се обидоа да ја избегнат темата за бременоста на снаата, ама не им успеа.

Неупатен

Иако не сакаше да потврди дека Северина и Игор ќе добијат дете, Кеба откри дека би сакал наскоро тоа да се случи и дека едвај чекал да стане дедо. Тој вели дека и сам не знае дали снаата му е бремена, иако самата таа ги инцираше тие гласини откако објави фотографија на која се гледа стомачето.

-Јас не знам дали Северина е бремена. Ќе мора неа да ја прашата. Таа и Игор ништо не ми рекоа. Би сакал да е така и дека наскоро ќе добијам внук. Мојата жена Оља и јас тоа едвај го чекаме. Не би сакал јас многу да зборувам за Северина и Игор, се што ве интересира прашајте ги нив кога ќе се вратат од меден месец, порача фолкерот.

Запрашан дали во нивното семејство е пракса меѓусебно да не разговараат за важни теми, Кеба рече дека досега не било така.

-Со Игор и Наташа секогаш имав отворен однос, за се разговаравме. Не се работи за тоа Игор нешто да крие од мене но веројатно е лош момент да разговара за некои работи, вели Којиќ.

Ги истетовирал веѓите

Инаку, Кеба беше видно расположен и насмевката не ја симнуваше од лице. И со пријателите беше таинствен, па ни со нив не зборуваше дали е на пат неговото прво внуче. Повеќе сакаше да зборува за своите веѓи кои повторно ги истетовира. Тој му потклекна на трендот кој главно го следат жените и по две години повторно ги исцрта веѓите со јапонска техника. Овој пат направи исти онакви какви што има Севе, па на социјалните мрежи почнаа озборувања дека ја копира својата снаа.