Кошарка
8. February 2023 - 9:36

Кеандре Кук од МЗТ Скопје МВП на колото во АБА-лигата

Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром, Кеандре Кук е прогласен за најкорисен играч во 18. коло на регионалната АБА-лига.

Кук доминираше на теренот во Арената „Јане Сандански“ во саботниот натпревар на македонскиот шампион против Цедевита Олимпија.

За помалку од 25 минути поминати на теренот Кук постигна 26 поени, пет скока, една асистенција и една украдена топка и направи Индекс на корисност 31.

Ова беше втор натпревар на Кук во АБА лигата по неговото доаѓање во Скопје, но на првиот (против Партизан) се повреди по само неколку минути и предвреме го заврши мечот.