Спорт плус
7. јуни 2021 - 12:46

КБК Шампион најуспешен клуб на турнирот во Сараево

КБК Шампион и на ова меѓународно првенство во Босна и Херцеговина Grand Prix Сараево во Илиџа се покажа одлично. Сите натпреварувачи од Шампион покажаа голема борбеност во рингот но би ги издвоил Енсар Исеин, Марко Тодоров и Туркер Исмаил кој покажаа прекрасна техника и доминација над своите противници.

Можам да кажам дека можат да им послужат како пример на останатите клубски другари и дисциплинираност и исполнителност за време на тренинзите, а тоа е единствениот пат до резултатите, изјави Дејан Митровски Урко.