Македонија
12. February 2019 - 16:45

Казни за студентите кои фрлаат отпад преку прозорец, опомени за раководствата на студентските домови и општините

Некултурaта и отпадот во дврот на „Пелагонија“ ги испровоцира властите да го посетат студентскиот дом и да помогнат во чистењето. Но,  акцијата беше задоцнета бидејќи вчера вработените во домот го собраа ѓубрето на студентите. Јавните служби помогнаа во делот на кабастиот отпад кој останал поради реновирање на фасадата . Градоначалникот Шилегов испрати опомена до раководството на студентскиот и сите надлежни да се грижат повеќе за јавната хигиена.

- Ѓубрето не никнува од земја туку ние сме туие кои сме одговорни за нивно создавање. Апелираме до сите отпадот да го ставаме таму каде му е местото. Сите сме одгов во каква животна сред ќе живееме. Град ск ќе прави се и ќе гледате ќе ги подобруваме условите за јабна хигиена изборот е наш дали ќе живееме во прљав или чист град.Ова е добар пример за секој од нас поединечно. Каков е неговиот однос кон градот и околината. Градот има  10 проценти за хигиена. Останатото треба да се грижат општините,  куќните совети.. добар момент е за да го подигнеме нивото на свеста. Секогаш ќе има поединци на кои не им е гајле но ние ако се обединиме сите  кон осрамувањето ..

Камерите кои ги најави вчера директорот на студентскиот дом, веќе се во фаза на набавка и за кратко време ќе бидат монтирани. Толеранција повеќе нема да има за станарите кои ќе фрлаат ѓубре од прозорец.

-Со управниот одбор разговаравме  прво да има опомена второ парична казна трет пат ќе мора да ги избркаме. До сега имаме  многу  студенти опоменати. Да се освестат. Со видео надзро ќе ги идентификуваме, вели директорот на Студентскиот дом „Пелагонија“.

Претставникот на станарите во студентскиот дом признава дека проблемот е кај самите нив и  оваа слика се повторува со години бидејќи немало казни.

-Во изминатите два дена беа многу критикувани и навредувани. Тука се работи за одредена група студенти. Тука се работи за одредена група студенти. Конкретно за овој пробле се гледаше на разбирање. Со разговор. Пред се одбегнувавме да се казнуваат,но ќе мора да се постават камери конкретно да бидат казнувани. Тоа е не убава слика се става етикета на сите студенти. Тоа е проблем не е од тие два дена. Враб редовно чистат но студентите сепак одредена група продолжуваат да фрлаат ѓубре од прозор, изјави Климе Крстановски, претставник на студентите на Студенскиот дом „Пелагонија“.

Градоначалникот на Кисела Вода по проблемот со Пелагонија, најави чистење на уште две диви депонии во општината.