Македонија
10. April 2021 - 16:32

Казни за 295 возачи на правецот Скопје – Охрид

Брзото возење е една од најчестите причини за сообраќајни несреќи.

Казнети 295 возачи за пребрзо возење на делницата Скопје – Охрид.18 од нив биле со брзина над 70 километри на час поголема од дозволената додека 104 за возење од над 50 километри на час повеќе од пропишаното. Од МВР апелираат да се почитуваат мерките и прописите во сообраќајот и посочуваат дека покрај големите казни за потешките прекршоци следува и одземање на возачката дозвола.

Проверките и контролите покажуваат дека несовесни возачи во собраќајот има од сите категории на граѓани.

Како резултат на засилените контроли минатата година е година со најмал број на жртви во сообраќајни незгоди од МВР најавија дека трендот продолжува и оваа година.