Македонија
19. April 2021 - 10:21

Казни за 192 возачи во Скопје, од нив 116 за брзо возење

Вкупно 192 сообраќајни мерки се изречени вчера на територијата на Gрад Скопје, меѓу кои 116 за возење сo брзина поголема од дозволената, 15 санкции за возење без возачка дозвола, а три за нерегистрирани возила.

Од МВР информираат дека се изречени и 10 санкции за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас и 17 мерки за непрописно паркирани возила.

Најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.