Македонија
6. July 2019 - 10:38

Казнети 72 возачи во Скопје за пречекорена брзина

Во периодот од 06.00 часот на 05.07.2019 до 06.00 часот на 06.07.2019г. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење.

Притоа, сторени се вкупно 46 прекршоци од страна на возачи на моторни возила. Откриени се и 72 останати прекршоци при што издадени се 52 прекршочни платни налози и 20 мандатни платни налози.