Македонија
18. September 2021 - 10:26

Казнети 114 возачи за непрописно престигнување

Сто и и четиринаесет возачи се казнети за непрописно престигнување вчера во акциска контрола низ државава, од кои 51 на територијата на СВР Тетово, а 20  на територијата на СВР Штип, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Оттаму најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.